ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција за потребата од подготвеност
Се уште ја чекаме целосна проценка за причините за вчерашниот прекин на електричната енергија во Шпанија и Португалија, но она што сега го знаеме дека е исклучена можноста за кибер напад, изјави главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо.
-Засега немаме понатамошни коментари за тоа, истакна Пињо, додавајќи дека во оваа фаза Европската комисија се уште не е во позиција да извлече конкретни заклучоци за причините за прекинот на струја на Пиринејскиот Полуостров и се чека експертското мислење.
Според портпаролката на Европската комисија за подготвеност Ева Хрнчирова, во моментов се работи на целосно враќање на ситуацијата во Шпанија и Португалија во нормала, согласно утврдените протоколи.
-Она што е најважно во моментов е потребата да се научат вистинските лекции од ова. Ќе се обидеме да преземеме мерки за да спречиме вакви ситуации во иднина, додаде Хрнчирова.
Според неа, токму настани како овој беа причината поради која ЕК ја предложи Стратегијата на Унијата за подготвеност, со која се бара секоја земја членка на ЕУ да се подготви за реакции во случај на поплави, шумски пожари, природни катастрофи или за случаи како сегашното искуство во Португалија и Шпанија со толку големи прекини на електричната енергија.
-Затоа сме тука да ги поддржиме земјите членки и да ги дизајнираме овие стратегии. Стратегијата за подготвеност е за промена на начинот на размислување дека луѓето треба да се подготвени. Подобро е да се биде подготвен, отколку да се биде непријатно изненаден, потенцира Хрнчирова.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица