-->
-->
ЕП Полска 2016: Ристовски: Треба да останеме попозитивни
-->
Македонската репрезентација испишти шанса за да ја постигне првата победа на ЕП во Полска. Вечерва со Норвешка одигра нерешено 31:31. Голманот Борко Ристовски дуелот го заврши со 11 одбрани, а во микс зоната изјави:
- Одигравме натпревар со квалитетно прво полувреме. Норвежаните беа немоќни во првиот дел, во напад и во одбрана, бевме моќни, сили и тоа се одрази на резултатот. И како по обичај во вториот дел некако паѓаме. Бевме добри скоро 45 минути, со исклучок на последните 15 минути. Со квалитетна репрезентација како што е Норвешка тешко се стигнува до победа. Видовме сите како тие добро одиграа и со Полска и со Хрватска. Треба да останеме што попозитивни, треба да се биде задоволен со бод против силната Норвешка.
Од Краков, Марјан Ников
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски - Орбан: Стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика
-
Физички нападнат 51-годишник од две лица по претходна случена сообраќајна несреќа
-
Украдено товарно возило на АРМ пронајдено во Кисела Вода
-
Две лица пукале кон 36-годишник од с.Грчец, се здобил со повреди во ногата од огнено оружје
-
Фондот за здравство работи на формирање тимови за рехабилитација на повредените во Кочани
-
Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ
-
140 луѓе во тетовската болница не зеле плата 2 месеца
-
Град во источна Германија нуди 14 дена бесплатен престој и можности за работа