Македонија
13. May 2022 - 10:14

СДСМ: Не успеа блокадата на Собранието

Два дена им беа доволни на граѓаните да видат дека не успеа блокадата на Собранието.

Пропаднаа обидите за деструкција од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ништо не се постигна, освен што се одолговлекуваше усвојувањето на дневниот ред.
 
Два дена се потрошија на бесмислени предлози, но сепак дневниот ред се усвои и Собранието продолжува со работа.
 
Таков е Законот за Финансиска стабилност во кој се прифатени амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и прифатено е нивното барање истиот да се разгледува во погорните точки на дневен ред, но и за нивниот прифатлив предлог гласаа против дневниот ред.
 
Гласаа против и за Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, затоа што нивните заложби се декларативни.
 
Тоа е дефиниција за лицемерие, а лицимерие е второто име на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Во време на најголема светска економска и енергетска криза, Собранието мора да биде фукционално и да носи решенија во интерес на граѓаните.
 
Блокадите по налог на Христијан Мицкоски повторно ќе бидат поразени.
 
СДСМ работи за граѓаните, ќе ги надминеме сите блокади и опструкции од опозицијата и сите потребни законски решенија кои се во интерес на граѓаните и државата ќе бидат донесени.

СДСМ