Совет на амбасадори: Постигнатиот договор меѓу Србија и Косово прилог за мирот и стабилизација на регионот
Совет на амбасадори денеска преку соопштение ја поздрави веста објавена од страна на Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, за постигнатиот договор за личните документи меѓу Србија и Косово.
-Со ова на граѓаните на двете земји им се овозможува слободно движење преку границите со лични карти издадени во двете земји. Советот високо го цени големиот придонес што во постигнувањето на овој договор (потпишан во 2011 год) го дале специјалниот претставник на ЕУ за олеснување на преговорите меѓу двете земји Мирослав Лајчак и американскиот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, и се надева и очекува лидерите на двете земји да го продолжат и продлабочуваат диалогот и за уште посуштествени теми сè до постигнување на конечниот договор, се наведува во соопштението.
Советот на амбасадори, како што се посочува, смета дека успешната имплементација на постигнатиот договор и на другите кои се веќе потпишани ќе го отвори патот на побрза европска интеграција на двете земји како и дека ќе придонесе за зацрстување на мирот и стабилизација на односите во регионот.
Ново на Сител
-
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното двотретинско мнозинство во Парламентот
-
Почина Дражен Далипагиќ
-
Тешко повреден 18-годишник во сообраќајка на регионалниот пат Демир Хисар – Битола
-
Приведен крадец од Скопје баран по потерница
-
Патник загинал, а четворица полицајци повредени во две последовални сообраќајки кај Крива Паланка
-
Хамас: Од 70 до 200 палестински затвореници ќе бидат депортирани од Појасот Газа и од Западен Брег
-
Промовирани 497 нови полициски службеници од генерација 2024-2025
-
Бела куќа: Итно е потребно продолжување на примирјето во Либан