Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
Откупот на тутунот е при крај, Досега се преземени преку 20 илјади тони по просечна цена од речиси 400 денари. На теренот, главно во прилепско-пелагонискиот регион за откуп остануваат уште околу 1000 тони. Од Сојузот на тутунските здруженија очекуваат дека откупот ќе заврши за 15-тина дена, иако законскиот рок е до крајот на февруари.
- Откупот на тутунот ќе заврши далеку порано од законскиот рок, 28 февруари. Со ова темпо, се надеваме дека ќе заврши за 10 до 15 дена. Според последната информација, досега се откупени околу 20 000 тони тутун по просечна цена од околу 400 денари. Значи, на теренот има 700 до максимум 1000 тони. Тој тутун е во овој Прилепско-пелагониски регион, во Долненско, Крушевско, а во источниот регион веќе преку 90 проценти е откупен родот. Со родот сме пријатно изненадени. Нашите предвидувања беа околу 17 до 18 000 тони. Условите за берба во септември и октомври се продолжија, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.
За новата производствена реколта веќе се почнати преговори со компаниите. Начелно се говори за идните договори, а ќе дојдат на ред и цените. Преокупацијата е за цените и почитувањето на Законот за тутун.
- Преокупација ќе ни биде, секако цената и нема да дозволиме да биде пониска од годинашната. И да се плаќа квалитетот. Ќе бараме целосна примена на законот за тутун, нагласува Ристески.
Според Џемал Назифоски, тутунопроизводител од Крушевско состојбите во производството се задоволителни и тоа ќе опстои.
- Како производител на тутун со 3000 килограми сум задоволен од цената на тутунот, од субвенциите и мислам дека ќе продолжи оваа динамика на одгледувањето тутун. Тоа ќе го зголеми интересот кај младите, вели Назифоски.
Во земјава се преку 20 000 семејства кои се занимаваат со тутунопроизводство.
Ново на Сител
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот