СДСМ: Мицкоски подмолно се радува на бројот на починати
Во време кога состојбата со пандемијата со коронавирусот во европските држави, во земјите од регионот и кај нас е алармантна, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со црната кампања против здравството, со деструктивно однесување, барање оставки, опструкции и критики.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски подмолно се радуваат на бројот на починати, во очаен обид политички да профитираат врз грбот на починатите и заболените, врз грбот на нивните семејства, роднини и пријатели.
Велат се грижат за здравјето а нивен висок функционер, со изјавите дека ковид-19 е безопасен вирус и дека не треба да се носат маски, поттикнува на непочитување на мерките.
Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижеа за здравјето на граѓаните немаше први да ги кршат мерките и да организираат масовни собири каде не се почитуваа протоколите за заштита од коронавирусот.
Ако толку беа загрижени за здравствените работници, немаше да го кочат заемот од Светска Банка со кој ќе се опремеа 16 ковид центри низ целата државата.
Ако толку се грижеа за јавното здравје, немаше заболените и починати од коронавирусот да ги сведуваат на бројка и статистика и од нив да прават настани на кои им се потсмеваат на жртвите.
Мицкоски не се грижи за граѓаните, се грижи само како да си ја зачува фотелјата во белиот дворец.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, секогаш е на спротивната страна на граѓаните, и затоа уште долго ќе остане во опозиција.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата