СДСМ: Мицкоски е единствениот кој не повикува на масовна вакцинација
За СДСМ како одговорна партија, највисок приоритет е здравјето на граѓаните.
Постојано апелираме до граѓаните да се пријават за вакцинација и да ги почитуваат мерките за заштита, за да успееме заеднички да ја победиме пандемијата со коронавирусот.
Повици за вакцинација стигнуваат и од јавни личности, од политичари и лидери на политички партии... единствено Христијан Мицкоски не повикува и не ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа единствените кои од прв ден на пандемијата ги кршеа мерките за заштита, блокираа изградба на модуларни болници, се потсмеваа на болните од коронавирусот.
Денес кога масовната имунизација е полн ек, наместо да повикаат граѓаните да се вакцинираат, тие поддржуваат антиваксерски протести со кои му се наштетува на здравствениот систем.
Додека сите се насочени во борба против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе останат запаметени дека наместо на страната на јавното здравје, биле на страна на вирусот.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток