САД ги отстрануваат Хутите од списокот со терористички групи
САД имаат намера да го отстранат јеменското движење Хути од списокот на терористички групи со цел да одговорат на хуманитарната криза во земјата, менувајќи една од последните одлуки на администрацијата на Доналд Трамп, која беше остро критикувана.
Потегот беше потврден од официјален претставник на Стејт департментот, кој рече дека овој чекор ќе биде преземен целосно заради хуманитарните последици од една од последните одлуки на претходната администрација, за кои ОН и хуманитарните организации проценија дека ќе ја влошат најголемата хуманитарна криза во свет.
– Ја поздравуваме одлуката на американската администрација, што ќе им донесе огромно олеснување на милиони јеменски граѓани кои се потпираат на хуманитарна помош и увоз со цел да ги задоволат своите најосновни потреби, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик.
ОН ја проценуваат хуманитарната криза во Јемен како најголема во светот, со 80 проценти од граѓаните на кои им е потребна помош.
Поранешниот државен секретар на САД, Мајк Помпео, ги прогласи Хутите за терористичка група на 10 дена пред Бајден да дојде на власт.
Промената на оваа одлука уследи еден ден откако претседателот Џо Бајден ја прекина поддршката на САД за коалицијата предводена од Саудиска Арабија во Јемен.
Ново на Сител
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци