Свет
1. March 2016 - 8:32

САД бара Русија да ги пронајде сите одговорни за убиството на Немцов

САД ја повикаа Русија да го расветли убиството на рускиот опозициски лидер Борис Немцов од пред една година, пренесува БТА.

- Ја повикуваме руската влада да се погрижи сите виновни за убиството на Немцов да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

Тој истакна дека Немцов цел живот работел  на градење на подемократска и просперитетна Русија.

Илјадници Руси учествуваа во саботата во маршот со кој се одбележа една година од убиството на Немцов.

Нарачателот или нарачателите на убиството се уште не се познати. Во Москва се уапсени петмина осомничени Чеченци, но тие тврдат дека своите признанија им биле изнудени со мачење.