-->
-->
Руско-српска заедничка воена вежба „Словенски штит“
-->
Во Србија денеска почна заедничката тактичка вежба со Русија „Словенски штит 2019“. Во воената вежба, која почна денес на аеродромот во Батајница и на воениот полигон Пасуљански Ливади, близу Чуприја, учествуваат единици на Воздухопловната и воздушната одбрана на српската Војска со свои ракетни системи и Воздухопловните сили на Руската Федерација.
Вооружените сили на Русија во Србија донесоа дивизион на ракетниот систем С-400 и батерија на системот Панцир, што е првпат овие најсовремени системи да учествуваат во воена вежба во странство, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Целта на вежбата е едукација на заедничката групација на српските против-воздушни сили и Воздухопловните сили на Руската Федерација во противвоздушната одбрана на територија и силите на војската против извидување и дејствување на непријателот во воздушниот простор, како и обука за командување на единиците за подготовка и извршување на операцијата за воздушна одбрана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс