Рестриктивните мерки го препородија животот во италијанските мориња
За време на карантинот во Средоземно Море и во другите мориња на Италија се подобри квалитетот на водата, а поединечни видови се појавија во подрачјата кои вообичаено ги заземаат бродовите и луѓето, соопшти италијанската крајбрежна стража.
Рестриктивните мерки во Италија беа во сила два месеци покажаа како влијаат човековите активности врз морето. Италијанската крајбрежна стража уште од април земаше примероци од морската вода, а направи и голем број на снимки од подводниот свет.
Надлежните органи во Рим потврдија дека е забележано значително подобрување на квалитетот на морската вода и намалување на отпадот. Китови се забележани во близина на Сицилија, додека делфини се видени на места, каде пред пандемијата беа вкотвени бродови, во пристаништата во северозападна Лигурија.
Покрај обновата на животот во морињата што ја опкружуваат Италија благодарение на карантинот, пандемијата со Ковид-19 доведе до нови опасности по морскиот живот поради фрлените маски, ракавици и бразни шишиња од дезинфекциски средства. Таквиот отпад го зголеми загадувањето на морињата со микропластика, честички што настануваат со распаѓање на пластичните производи.
Италијанските власти истакнуваат дека карантинските мерки воведени поради пандемијата им овозможија на луѓето да увидат колку е ранлива животната средина и да сфатат дека мора да ја зачуваат природата за идните генерации.
Ново на Сител
-
Уапсен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието