Македонија
21. August 2015 - 14:59

Реконструирана градинката „13-ти ноември“

Општина Центар ја реконструира и ја прошири градинката „13-ти Ноември“. Од средината на септември децата ќе престојуваат во нови простории, а реконструкцијата се прави по 64 години.

Реконструирани се канцелариите, занималните, ходниците, санитариите, кујната, а целосно е обновен подрумскиот простор. Градинката ќе има нови нелизгачки плочки, прозорци, грејни тела и нови, изолациски подови.

Отпадните фекални води од објектот, со новопроектираната инсталација, се дистрибуираат со постечкиот приклучок до градската канализациона мрежа.

Како што наведува Општина Центар, градинката „13-ти Ноември“ сега ќе биде современ, енергетски-ефикасен објект, а реконструкцијата и градењето се изведува со најквалитетни еколошки материјали.