Речиси илјада заболени и 13 починати од Ковид-19 вчера во Косово
Во Косово во минатите 24 часа продолжи неколкунеделниот тренд на пораст на бројот на заболени и починати од Ковид-19, со 963 нови заразени и 13 пациенти кои подлегнаа на болеста.
Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вклучително вчерашните случаи, досега во земјата се потврдени вкупно 27.851 носител на коронавирусот и 798 жртви на пандемијата.
Последното деноноќие како излекувани од заразната болест се евидентирани 177 пациенти, со што бројката на лица кои ја совладале болеста достигна 16.862.
Според официјалните податоци на здравствените власти, бројката на активни носители на вирусот во Косово за прв пат надмина десет илјади и моментно изнесува 10.191.
Вкупно од почетокот на пандемијата, вклучително вчерашните 2.056, во лабораторијата за микробиологија на ИКШПК и во овластените приватни клиники се извршени 115.794 тестови.
Поради, како што ја оцени Владата, мошне тешката состојба со заразата, од вечерва во земјата стапуваат во сила нови мерки за заштита од ширењето на епидемијата, меѓу кои е карантинот и полицискиот час во општините со најголем процент на заразени.
Жартиште на епидемијата е главниот град Приштина, во кој досега се потврдени речиси десет илјади носители на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец