Растот на индустријата показател дека економијата е на здрави нозе, смета бизнисот
Растот на индустријата е позитивен, охрабрувачки сингал, показател дека и покрај политичките турбуленции, економијата е на здрави нозе, сметаат економистите и бизнисмените.
Според нив, растот на индустриското производство е неколку месеци во континуитет, по претходното неколкумесечно назадување кое беше резултат на политичката криза. Очигледно е дека порачките се задржани, во некоја мера и зголемени. Тоа е оптимистички сигнал дека економијата забележала раст и во третиот квартал.
- Најверојатно сите фирми во овој период засилија со работа, бидејќи сакаат да ги реализираат предвидените нарачки за до крајот на годинава, оценуваат експертите.
Државната статистика покажува дека во септември индустријата забележа раст од 8,6 проценти во однос на истиот период лани. Најголема позитива е генерирана во секторот преработувачка индустрија, 11,2 проценти, додека кај производството на прехранбени производи растот надминува 20 отсто, кај текстилот плусот е 27,4 проценти, кај хемикалиите и хемиските производи 57,7 отсто. Уште поголем раст, од 61,6 проценти, е евидентиран кај фабрикуваните метални производи, а производството на машини и уреди регистрира пораст од 30 отсто.
Од главните индустиски групи, пораст има кај Интермедијарните производи, 8,5 отсто, додека кај капиталните производи зголемувањето е 24,4 проценти. Пад е забележан кај енергијата и трајните производи за широка потрошувачка.
Во деветте месеци од годинава, индустриското производство бележи раст од 2,5 проценти. Во септември се зголемил и бројот на работници во индустријата, од 1,2 отсто.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески со став дека индустријата ќе го испорача економскиот раст. Остварениот раст е значаен, бидејќи, како што вели, опфаќа повеќе гранки, особено во преработувачката индустрија која е стожер на индустриското производство.
- Македонската индустрија годинава ќе ја заврши со добра позитива, што ќе овозможи да имаме една од највисоките стапки на економски раст во регионот. Имавме сложена политичка ситуација и растот на индустријата во такви околности претставува силен одговор на стопанството дека политичката стабилност и долгорочните економски политики се најдобрите и најважните услови за раст на економијата, истакнува Ставрески.
Ново на Сител
-
Протестна нота за бугарскиот амбасадор, за МНР потегот е несоодветен и неевропски
-
Радуков со позициите на Радев во МНР, одбил да ја прими протестната нота
-
Комитетот почна со истрага во М-НАВ, за неколку дена се очекува првичниот извештај
-
Уставен суд пред конечна одлука, дали да застарува извршувањето на долговите
-
Есенската кошница ќе се носи следната недела
-
Матични лекари не пропишуваат од новите лекови на Позитивната листа поради технички проблеми
-
Нова компресорска станица за хирургија на Клинички идната година
-
Таравари: Премногу се драматизира со бранителите