Македонија
16. September 2024 - 16:42

Нова компресорска станица за хирургија на Клинички идната година

Хируршките сали на Клинички ќе почнат нормално да функциониораат дури идната година, потврди министерот за здравство. Тој не знаеше дали единствената фирма која се пријави на вториот тендер ги исполнува условите и кога точно ќе заврши целата постапка за инсталирање на нова компресорска станица. Таравари дополнително ќе разговарал со претставници на компанијата за да ја поправат и одржуваат и сегашната станица која би била резерва.

- Оваа идеја би била добра, фантастична доколку се поправи и би била како резерва.

- Значи нова компресорска станица догодина?

- Јас се надевам дека нова компресорска станица ќе имаме на почетокот на Новата година, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Според Таравари проблемот со операционите сали бил надминат со користењето надворешни компресори и повеќето клиники добро функционирале. Не се чувствувала непријатна миризба. Што беше причина во мај извесен период да биде затворен целиот хируршки блок на Клинички.

Поради што се јавила реа јавноста не дозна, иако министерот во техничката влада Демири тогаш најави дека се испратени примероци за анализи во Германија, а случајот го пријавил и во обвинителството кое се уште истрашува дали има елементи за кривично дело.