Таравари: Премногу се драматизира со бранителите
Не е моментот да се разговара за правата на бранителите, а опозицијата беспотребно драматизира за овој закон, вели Арбен Таравари, еден од четворицата лидери на владејачката Вреди. Тој најавува дека законските измени предложени од СДСМ, а кои заглавија во парламентот нема да бидат донесени и покрај тоа што потребата за нивно носење беше изгласана и со гласовите на владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ.
„Не знам зошто се драматизира Законот за бранители. Ова е седми пат како се носи и сега мислам дека не е моментот за да се разговара за такви теми. Мислам дека таа точка засега нема да се третира, ниту да помогне. партиите кои се опозициски, особено оние кои се дел од „Европскиот фронт“, шестпати имаат изгласано таков закон...Не е моментот за тоа да се разговаражж - вели Таравари.
Албанскиот партнер во Владата се изјасни против зголемување на паричната помош за почитнатите или повредени бранители, а донесувањето на законот го услови со донесување на закон за припадниците на УЧК. Токму собранискиот спикер Гаши, кој исто доаѓа од оваа коалиција, ја кочи комисисиката расправа откако измените не беа ставени на дневен ред од претседателката на Комсијата за социјална политика Илире Даути, од Европскиот фронт.
Иако потребата помина уште во средата, до сега Гаши не одговори врз основа на кој член од Деловникот не закажува комисија за законот.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека немало разговори со Вреди ниту за овој закон, ниту за припадниците на УЧК, но и дека даваат поддршка на бранители, па законот треба да биде ставен на дневен ред.
Претходно, премиерот и лидер на партијата Мицкоски оцени и дека се работи за провокација на СДСМ која во полза на дестабилизација на државата.
Поддршка за законот стигна и од Левица.
Од Европскиот фронт велат законот е дискриминаторски, а од СДСМ демантираа дека се работи за провокација.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар