Расчистена кражба во Скопје, сторителот го признал делото
Денеска (05.02.2023) од страна на инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода расчистено е кривично дело ,,кражба", казниво по член 235 од Кривичниот законик.
Кривичното дело било извршено во временскиот период од 28.01.2022 година до 04.02.2023 година во стан на подрачјето на Кисела Вода, сопственост на В.Ц., каде престојувал нејзиниот 31-годишен син, од каде бил одземен поголем износ на пари.
По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници е констатирано дека сторител на кривичното дело е А.Ц.(23), брат на оштетениот, кој при извршен службен разговор во целост го признал начинот, мотивот и временскиот период на извршување на кривичното дело.
Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски најавува нов блок кој ќе обезбеди европска перспеткива
-
Повлечен учебникот по историја и општество за 5-то, МОН бара нов авторски тим
-
Власта официјално е против избори, неофицијално се е во игра, но ќе зависи од уставните измени
-
Фон Дер Лајен објави нов план за забрзана интеграција на Западен Балкан
-
Месиќ: Македонија одамна мораше да биде членка на ЕУ
-
Пендиков не се плаши од заканите, рочиштето повторно одложено
-
Меџити ги враќа на работа пензионираните специјалисти и професори, нов план и за радиолозите за намалување на гужвите