Македонија
26. July 2024 - 16:37

Мицкоски и Меџити во одбрана на владиниот легитимитет за првите 30 дена

Македонија има историски најстабилна влада до сега, а граѓаните знаат што се е сработено во првите 30 дена. Првите луѓе на владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ И ВРЕДИ, Мицкоски и Меџити во одбрана на владиниот легитимитет по забелешките на конкурентите СДСМ и ДУИ.

За критиките на новиот лидер на СДСМ дека новата власт потфрлила во првите 30 дена Мицкоски ги нареди сите најавени проекти до сега, а посочи дека истражните органи треба да се занимаваат со тоа што сработел Филипче додека бил министер на претходната власт.

Првиот вицепремиер пак, Меџити забелешките на интегративците дека оваа владина коалиција нема легитмитет одговара дека ДУИ не е претставник на Албанците бидеќи формирала коалиција со мултиетнички карактер.

Меџити посочи дека и во владината коалиција и со меѓународните партнери се разговара за надминување на проблемот во евроинтеграциите.