Работилница за развивање кластери во Скопскиот плански регион
Подигање на свесноста за кластерите како инструмент за зголемување на конкурентноста на индустриите и запознавање со придобивките од кластерските иницијативи е целта на работлница на тема „Можности за развивање кластери во Скопскиот плански регион“ што денеска ја организира Бизнис центарот на Скопскиот плански регион.
На работилницата ќе стане збор за функцијата на кластерите, придобивките од кластерското здружување за микро, малите и средни компании и организации од регионот кои нудат поддршка на бизинс секторот и поставување на основата за создавање на кластери.
Преку работилницата ќе се направи обид да се зголеми нивото на разбирање за начините на создавање на успешни кластери, како и да се развијат предлог методологија за идентификација на кластери и предлог акциски план за воспоставување кластер за индустриско производство во Скопскиот плански регион.
Врз основа на Програмата за развој и поддршка на бизнис-секторот во Скопскиот плански регион (2015 - 2020) со цел зголемување на придобивките од кластерското здружување и кластерите, Бизнис центарот на Скопскиот регион ќе иницира создавање на најмалку еден кластер, што понатаму ќе биде регистриран во мрежата на регионални кластери.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила