-->
-->
Путин се надeва на подобрување на односите со Грција
-->
Рускиот претседател Владимир Путин при врачување на акредитивните писма во Кремљ од страна на новиот грчки амбасадор во Москва Андреас Фриганас, изрази надеж за понатамошен развој на односите со Грција, јави „Катимерини".
Путин особено се задржа на историските, културни и духовни врски на Русија со Грција, така што изрази увереност дека тие ќе продолжат и ќе се развиваат и понатаму, за што посебен придонес имаат и годинашните заеднички манифестации на државно ниво.
Претседателот на Русија изјави дека за време на неговата посета на Атина во мај, биле разгледани сите аспекти на билатералната соработка, како и актуелни меѓународни прашања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ
-
Уставен суд: Уставот не предвидува интерпелација на уставните судии