„Пушкинови денови“ по осми пат во Кисела Вода
Во организација на општина Кисела Вода и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, во паркот „Пушкин“ се одржа манифестација по повод 217 години од раѓањето на Александар Сергеевич - Пушкин.
„Пушкиновите денови” кои локалната самоуправа традиционално ги организира по осми пати, во паркот Пушкин. Пред бистата на Пушкин, цвеќе положија претставници од општина Кисела Вода и делегација од Амбасадата на Руската Федерација, предводена од Михаил Лушин, аташе во Амбасадата.
Манифестацијата одржана по повод 217 години од раѓањето на големиот руски и светски поет продолжи со богата програма која опфати музички изведби на трио флејти на учениците од МБУЦ „Илија Николовски - Луј“, беше интерпретирана руска поезија од студентите на катедрата за Руски јазик од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ, додека пак членовите на руските културни уметнички друштва од ансамблот „Чајка” и ансамблот „Славјанка”, изведоа сплет на руски игри.
Ново на Сител
-
Од утре дожд, на некои места пороен
-
Невреме и поплави во Италија
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Медиуми: Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти