„Првоаприлска шега“ во Крива Паланка
Околу илјада дечиња маскирани во омилените ликови од цртаните филмови, јунаци од бајките, принцези и групни маски со разни теми, продефилираа денеска на манифестацијата „Првоаприлска шега“ во Крива Паланка.
Манифестацијата е под покровителство на Општина Крива Паланка во соработка со основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ и градинката „Детелинка“.
Дефилето под маски имаше натпреварувачки карактер, а наградени беа најдобрите групни и индивидуални маски од сите институции -учесници.
Најдобра групна маска од ООУ Илинден е „Ден и ноќ", а од Јоаким Крчовски - „Рубикови коцки". Наградени се и маските „принцеза" од објект „Виножито“ на градинката „Детелинка“ - група „Јаготки", „овчичка" од група „Светулки“, „шеик" од Илинден и „цветна принцеза од хартиени салфети" од „Јоаким Крчовски“.
- Сите маски кои беа дел од првоаприлската шега заслужуваат признание и пофалба за вложениот труд и енергија, а жири комисијата имаше тешка задача, оценувајќи ги. Најважно од се е насмевките да бидат на лицата на децата, но и на сите луѓе, не само денеска, туку секој ден, истакна градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.
„Првоаприлска шега“ ќе прерасне во традиционална манифестација која според организаторите е планирано да се прошири со учество на соседните општини и пошироко
Ново на Сител
-
Нивото на Охридското Езеро постојано осцилира
-
За еден ден домаќинките од Општина Босилово подготвија 220 килограми ајвар
-
Преглед на вести од светот
-
Пo 50 години конзервација на мозаиците на локалитетот Стакина чешма во Валандово
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со екс амбасадорот во Бугарија, Марјан Ѓорчев
-
Без новиот Закон за заштита на конкуренцијата ќе нема кој да контролира трговци
-
Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана, бидејќи не се знае во чие владение е салата, следуваат кривични пријави