Македонија
25. May 2017 - 8:58

Прва литургија во Бигорскиот скит на Светите Кирил и Методиј во Битуше

Во долнореканското село Битуше во присуство на поголем број верници, Бигорската обител и сестринствата од Рајчица и Пречиста, вчера првпат се одржа литургија во Бигорскиот скит на Светите Кирил и Методиј.

- Прв пат новиот, се уште недовршен храм, го почувствува свештениот литургиски целив и се причести со Божествената благодат од осветувањето на чесните Дарови. Живиот, пак, и радосен израз на лицата на присутните посведочи дека навистина пасхалната благодат го исполни тоа чудесно место над Битуше, велат од Бигорската обител.

Игуменот на Бигоскиот манастрр,Анхмандрит Партениј, во своето слово изговорено на Литургијата, веднаш по читањето на Светото Евангелие меѓу другото рече дека оваа година одданието на Пасхата се спојува со уште едно големо празнување – сечесниот спомен на нашите духовни татковци и учители во Христа, светите рамноапостолни Кирил и Методиј, просветителите на не малобројните словенски народи.

- Сесветиот Бог и нив, подобно на апостолите, ги направил причесници на Божествената светлина. Затоа и Црквата ги нарекува еднакви на апостолите. Посакувам Светите Кирил и Методиј да измолат од Бога мир и единство за сите словенски народи, а особено за Татковината во која се родиле и каде што нивното дело вродило со најголем плод преку нивните најславни ученици – Светите Климент и Наум Охридски,рече Анхмандрит Партениј.

Бигорскиот скит, по инцијатива на Анхимандрит Партениј, почна да се гради пред три години, а се наоѓа во подножјето на планината Дешат, над Битуше.  

По литургијата  во дворот на скитот, свиреа потомците на „Мајовци“.