Loading Video...
Свет
10. May 2024 - 16:45

Преглед на вестите од светот

Израелски тенкови го зазаедоа главниот пат што го дели  источниот од западниот дел на Рафах во Појасот Газа, опколувајќи го целиот источен  дел на градот.  Израелската армија утрово извести за жестоки борби со борци на Хамас во источниот дел  на  Рафах, од каде што  претходно беа евакуирани голем број цивили.  Израелскиот премиер останува на ставот -  победата во седумесечниот конфликт е невозможна без заземањето на Рафах, и покрај предупредувањата  од САД дека голема воена инвазија врз Рафах  ќе ја запре испораката на оружје

Ако треба да стоиме сами, ќе стоиме сами. Реков дека ако треба – ќе се бориме и со нокти. Но, имаме многу повеќе од нокти и со истата сила на духот, со Божја помош, заедно ќе победиме, истакна Бенјамин Нетањаху, премиер на Израел..

ИД има вооружување за мисиите што ги планира, а исто така и за мисиите во Рафах. Ние го имаме она што ни треба вели Даниел Хагари, портпарол на Израелската армија.

По Вашингтон, и Берлин  објави дека  размислува за суспендирање  на испораката на оружје за Израел, доколку продолжи со планот за голема копнена опреација во Рафах.. Во меѓувреме Египет со нова порака до Хамас и Израел- да бидат пофлексибилни и да стават крај на војната, откако последните преговори во Каиро за прекин на огнот во Газа завршија без договор.

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ  му го додели мандатот за формирање влада на лидерот на  Хрватска демократска заедница  и досегашен премиер Андреј Пленковиќ.

„По поднесувањето на потписите на 78 избрани пратеници на 11-от состав на хрватскиот Сабор, ми беше доверен мандатот за формирање на хрватската влада. И во третиот мандат продолжуваме да работиме за доброто  на Хрватска“, напиша  Пленковиќ на социјалната мрежа Икс.

Вчера , Пленковиќ објави дека ги има потребните 76 потписи на пратеници  како дел од постапката за доделување мандат за формирање нова Влада., а денеска на Милановик му доставил  два повеке, однос 78 потписи. Мандарот има рок од 30 дена  да формриа влада. на парлментарните избори во Хрватска пред неполн месец најмногу гласови освои ХДЗ, но недоволно за да може сама да ја формира идната хрватска влада.

Бразилската влада ќе одвои  околу девет милијарди евра за обнова на државата Рио Гранде до Сул, опустошена од невидените поплави а се очекуваат и нови поројни дождови.   Оштетени или уништени се над 60 000 домови. Околу 1, 7 милиони луѓе се погодени а повеќе од 327 000 се евакуирани поради природната катастрофа.  Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по луѓе и животни заробени во водата. 134 лица се водат како исчезнати по поројните дождови што ја зафатија државата пред неколку денови. Во поплавите загинаа најмалку 107 луѓе загинаа ,според синоќа објавенот извештаја на Цивилната заштита.