Прв случај на Зика кај бремена жена во Шпанија
Шпанските здравствени власти соопштија дека една бремена жена е заразена со вирусот Зика, што е прв таков случај во Европа.
Министерството за здравство во Мадрид соопшти дека жената допатувала во Шпанија од Колумбија, каде веројатно се заразила.
Властите не го откриваат идентитетот на бремената жена, освен што објаснуваат дека таа живее во свероисточниот дел на Каталонија.
Вирусот Зика прв пат се појави во Бразил, во мај минатата година, но потоа забрзано почна да се шири низ земјата и низ целиот континент.
Сега вирусот е раширен во 14 земји од Латинска Америка и Карибите.
Дури 80 отсто од инфицираните не знаат дека се заболени, затоа што неговите димптоми наликуваат на послаб облик на грип.
Најголемата закана е за бебињата, што се раѓаат од мајки кои биле заразени од зика, додека биле бремени.Бебињата се раѓаат со ненормално мали глави, како и со помал мозок.
Шпанските власти уверуваат дека нема место за паника и дека Шпанија не се соочува со епидемија како што веќе има во некоја од емјите на Латинска Америка.
Ново на Сител
-
Сител од Неиве - јубилејно по 20ти пат македонската дијаспора во Италија празнува Водици
-
Мицкоски ги почна работните средби во САД, Трамп дочекан со огномет во Вашингтон
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон