Промоција на нови 37 грантисти на Цивика мобилитас
Цивика мобилитас денеска во Скопје ќе промовира нови 37 грантисти, односно акциски грантови за 15 граѓански организации, мали акциски грантови за осум граѓански организации и ад хок грантови за 14 граѓански организации.
Заедно со новите, бројот на грантисти достигна 193 поддржани организации со што Цивика мобилитас е најголемата програма за поддршка на граѓанското општество во Македонија.
Договорите на грантистите ќе им ги врачи амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада.
Новата фаза на Цивика Мобилитас обезбедува поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество во периодот од 2014 до 2018 година. Буџетот на програмата изнесува околу осум милиони швајцарски франци кои ги обезбеди Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).
Ново на Сител
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, воено политички експерт
-
Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ