Македонија
22. April 2016 - 11:08

Промоција на книгата „Голотија на душата“ од Ивана Kарова

Во Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа беше промовирана најновата книга раскази на Ивана Карова, роднокраен автор од Кочани. Станува збор за книгата со наслов „Голотија на душата“ во која се поместени десетина кратки лирски раскази на тема младите и љубовта.

- Ова е втора книга на Карова по нејзината прва објава во 2011 година книгата поезија „Напишаното останува“. Главниот мотив во лирските раскази е љубовта, борбата на младиот човек за љубовта и достоинството мегу себе, истакна на промоцијата Аника Илијеска Горгиева.

Книгата „Голотија на душата“ ја објави Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани во рамките на проектот за подршка на роднокрајни автори од Кочани.