За електронски индекси студентите ќе си почекаат
Електронски индекси за година ипол отсега. Иако властите најавија дека новата академска година ќе започне само со електронски индекси, сепак, според најавите на ректорката, долгите редици од студенти ќе го красат дворот на УКИМ и во академската 2025/2026 година при уписите на нови семестри.
Меѓу врвните приоритети, после дигитализицијата, раководството при УКИМ го класифицира квалитетот, кој се карактеризира со многубројни студиски програми и дно на Шангајска листа.
Инаку, денеска на ректоратот при УКИМ се одржа научна конференција на тема „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“, на која се дебатираше за потребата од реформи на универзитетите.
Професорите, 2025-та година ја почнаа со освежување на сметките за 14%, а студентите со скоро двојно поголеми трошоци при упис на семестри.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар