Македонија
31. October 2019 - 11:36

Професионалните војници со навршени 45 години од утре на нови работни места

Се решава проблемот за околу 100 поранешни  војници, за кои по навршувањето на 45 година им престануваше професионалниот ангажман во армијата.

Тие ќе бидат вработени во казнено поправните установи низ земјава, соодветно со нивното претходно работно искуство, но главно како обезбедување во затворите.

Државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ истакна дека со ова се решава долгогодишниот проблем за овие војници, кои во минатото беа предмет на политички препукувања меѓу партиите.

Потенцираше дека за ваквата одлука задоволство изразиле сите синдикати и здруженија од одбраната. На новите работни места, поранешните професионални војници кои навршиле 45 години ќе бидат распоредени уште од утре.

Горан Симоновски