-->
-->
Професионалните војници со навршени 45 години од утре на нови работни места
-->
Се решава проблемот за околу 100 поранешни војници, за кои по навршувањето на 45 година им престануваше професионалниот ангажман во армијата.
Тие ќе бидат вработени во казнено поправните установи низ земјава, соодветно со нивното претходно работно искуство, но главно како обезбедување во затворите.
Државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ истакна дека со ова се решава долгогодишниот проблем за овие војници, кои во минатото беа предмет на политички препукувања меѓу партиите.
Потенцираше дека за ваквата одлука задоволство изразиле сите синдикати и здруженија од одбраната. На новите работни места, поранешните професионални војници кои навршиле 45 години ќе бидат распоредени уште од утре.
Горан Симоновски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата
-
Влада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада
-
Напаѓачот на Трамп се криел во грмушките 12 часа пред да биде фатен
-
Мета ги забрани руските државни медиуми на своите платформи
-
Уапсен Пи Диди во Њујорк - Обвинет за трговија со луѓе
-
Ограбена спортска обложувалница во Влае
-
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември