Продолжува протестот организиран од УПОЗ, 988 вработени немаат земено декемвриска плата
Вработените во дел од државните институции денеска продолжија со предупредувачкиот получасовен протест барајќи додатоци на плата од 30 отсто и потпишување на колективни договори.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски пред Државниот завод за статистика изјави дека 988 вработени се уште немаат земено плата за декември иако е истечен законскиот рок.
- Се работи за вработените во сите инспекторати во државата. Поради доцнење на Министерството за финансии кои навремено не ги презеде обврските согласно законските измени остави 988 вработени без плата, без вратени кредити, без платени сметки во најдолгиот месец од годината. Вчера истече и законскиот рок за исплата на плата која се исплаќа најдоцна до 15-от ден во месецот и се уште нема информација кога и дали овие вработени ќе добијат плата, рече Деаноски.
Појасни дека не се работи за штрајк на вработените во јавната администрација, туку за протест.
- Штрајк значи неизвршување на работни задачи, а доколку вработените од Државниот завод за статистика не извршат само една работна задача од нивниот делокруг, а тоа е пресметка и објава на просечната месечна плата на ниво на држава, ќе се доведе во прашање работата на многу институции, а последиците ќе ги трпат граѓаните, рече Деаноски.
Додека се одржуваше овој протест, пред Владата претставници на Независниот синдикат на државната управа одржаа прес-конференција.
Ново на Сител
-
Американски суд привремено го блокира барањето на Трамп за суспендирање на програмите за финансиска помош
-
Зеленски: Путин се плаши од мировни преговори
-
На Аљаска се урна американски авион Ф-35, пилотот се катапултирал и спасил
-
Франција со гол во последната секунда обезбеди полуфинале на СП 2025
-
Симулација на сајбер хибриден напад во касарната „Гоце Делчев“
-
Драчево без вода, без струја дел од Кисела Вода, Центар, Карпош и Побожје
-
На Комисијата за именувања Предлог-одлуката за именување на членови на Советот на АВМУ
-
Трамп ја отвора Белата куќа за брифинзи за инфлуенсери и водители на подкасти