Македонија
16. November 2017 - 8:50

Продолжение на 8-та собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи продоложението на 8-та седница на чиј дневен ред е Предлог-одлуката за именување на функцијата заменици на генералниот секретар на Парламентот.

Пратениците ќе расправаат и за предлог законите за докторска дејност, за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, за изменување и дополнување на Законот за извршување, за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и  за изменување на Законот за јавното обвинителство, сите во прво читање и поднесени од пратеници од опозиција.

На дневниот ред на седницата е и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2016 година.