Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот
Полициски службеници го привеле А.Б.(34) од Скопје, кој вчера на паркинг простор пред хотел во главниот град, му го одзел мобилниот на С.Ј.(62) од Пробиштип. Полицијата одземеното му го вратила на сопственикот.
МВР информира дека на 23 јули, во 13.10 часот, на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода скопјанецот А.Б.(34).
- Тој се сомничи дека околу 12.45 часот на паркинг простор пред хотел на подрачјето на Центар му го одзел мобилниот телефон на С.Ј.(62) од Пробиштип. Според пријавеното, при обид да си го врати одземеното, С.Ј. бил нападнат со тврди предмети од А.Б., кој му го оштетил возилото.
Со А.Б. бил извршен службен разговор во полициска станица и кај него бил пронајден одземениот предмет, известуваат од полицијата.
По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори