-->
-->
Приведен кавадарчанец, со возило се движел по улицата каде се одржувал „Кавадаречки полумаратон“
-->
Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци, вчера во 12:40 часот го лишиле од слобода М.И.(54) од Кавадарци поради сомнение за сторено кривично дело по член 297 - А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Како што соопшти денеска МВР, на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, каде се одвивала јавна манифестација „Кавадаречки полумаратон“, тој не испочитувал наредба на полициски службеник да запре со возилото и продолжил да се движи по улицата.
М.И. бил задржан во Полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација