Притвор за четворица Бугари за криумчарење мигранти
Четворица државјани на Бугарија добија кривична пријава и осумдневен притвор за криумчарење мигранти. На граничниот премин „Богородица“ завчера се обиделе да превезат осум илегални мигранти од машки пол од Шри Ланка и од Авганистан на возраст од 18 до 41 година.
Пријавените Љ.Б.(63), П.Х.(59), И.Р.(53) и Т.Т.(24) на 9 март во 10.30 часот влегле на граничниот премин „Богородица“ со минибус „Ивеко“ со бугарски национални ознаки, управуван од првопријавениот, додека другите тројца биле негови сопатници.
- При извршени дополнителни проверки на превозното средство од страна на полициски службеници и царински работник, во посебно направен бункер во горниот дел од возилото биле пронајдени осум илегални мигранти од машки пол. Мигрантите се на возраст од 18 до 41 година, пет од нив се од Шри Ланка, а тројца од Авганистан, соопшти МВР.
Мигрантите во разговор со полицијата кажале дека од пријавените лица и од непознато лице од Атина биле прифатени и за определен надомест требало да бидат превезени до Италија.
На четворицата пријавени им е одредена мерка притвор во времетраење од осум дена. Дел од мигрантите се сместени во Прифатниот центар, а дел им се предадени на грчките погранични служби.
Ново на Сител
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата
-
Преглед на вестите од светот
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот