Прифатен предлогот на СКСЗМ за измена на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам
Стопанска Комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) изрази задоволство што Собранието го усвои нејзиниот предлог, со кој се бараше плаќањето на готовина за стоки и услуги во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршена преку банка, наместо 500 евра да се ограничи на 3.000 евра.
– Собранието на Република Македонија ја разбраа сериозноста на предлогот и го зедоа во предвид барањето на СКСЗМ, со што предлагаа измена на член 182 и го подигнаа нивото на плаќање на готовина од 500 на 3.000 евра, што значително ќе се одрази на економијата на земјата а особено на отстранувањето на горенаведената пречка за потрошувачите, соопшти СКСЗМ.
Комората додава дека нивниот предлог е во согласност со легислативата на ЕУ и со Директивата 2015/849 за спречување на употребата на финансискиот систем за перење пари и финансирање тероризам.
Според Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, член 182, се ограничува плаќањето со готовина на износ од 500 евра на 3.000 евра за стоки и услуги во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори