При пукање на концерт во Њујорк едно лице убиено, а уште три ранети
Едно лице синоќа е убиено при пукање во салата „Ирвинг Плаза“ во Њујорк, каде раперот Ти Ај требаше да одржи концерт, додека уште три други се ранети, објави „Њујорк тајмс“.
Пукањето се случило во 22.15 часот во салата на Менхетен, во која има места за околу 1.000 посетители.
Полицијата информира дека 34-годишен маж бил прострелан во градите, а 33-годишен маж бил прострелан во стомакот. Едниот од нив подоцна починал во болница, но полицијата не прецизира кој.
Дваесет и шестгодишна жена била прострелана во ногата. Четвртиот ранет самиот побарал помош во болница.
Еден од очевидците изјавил дека раперот требало да излезе на сцената околу 21 или 21.30 часот, но тој воопшто не се појавил.
Засега нема уапсени во инцидентот, додаваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?
-
Бојкотот на маркетите – аларм за трговците и власта
-
Советниците на Град Скопје пак не дозволија да се набават нови автобуси за ЈСП
-
Грипот во пораст – Комисијата за заразни болести ја следи состојбата
-
Седница за пратенички прашања во Собранието