Трамп им се закани на земјите од БРИКС со 100 проценти царини
Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на групата БРИКС на економии во развој со царини од 100 отсто доколку се оддалечат од американскиот долар како меѓународно платежно средство.
-Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат да се оддалечат од доларот, додека ние стоиме и гледаме, заврши, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social).
-Ние ќе бараме посветеност од овие навидум непријателски земји дека нема да создадат нова валута БРИКС, ниту да поддржат друга валута што ќе го замени моќниот американски долар или, тие ќе се соочат со царини од 100 проценти и треба да очекуваат да се збогуваат со продавање во прекрасната американска економија, истакна Трамп.
Акронимот БРИКС е изведен од почетните букви на земјите основачи Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. На почетокот на 2024 година, Иран, Етиопија, Египет и Обединетите Арапски Емирати се приклучија на БРИКС, додека Индонезија се приклучи на почетокот на јануари.
Групата има за цел да дејствува како противтежа на Групата седум (Г7) водечки западни економски сили.
Рускиот претседател Владимир Путин постојано ја критикува доминацијата на американската валута и ја објави својата намера да воспостави независен систем за плаќање и клиринг во рамките на сојузот.
Ново на Сител
-
Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви, се води истрага
-
При изведување градежни работи, пронајдени 145 артилериски гранати во Битола
-
Распродадени сите билети за завршниот турнир во Евролигата
-
Краделе нафта од паркирано возило, уапсени крадци во Кавадарци
-
МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот
-
Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна
-
Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации