Грипот во пораст – Комисијата за заразни болести ја следи состојбата
Во исто време пациент заболел и од А и од Б инфлуенца, а друг имал коинфекција на грип и респираторен синцицијален вирус. Ова е наведено во последниот извештај на Институтот за јавно здравје кој покажува дека има за 30 проценти повеќе грипосани од изминатата недела. Од 20 до 26-ти овој месец во ИЈЗ регистрирале 1878 случаи од кои околу 700 се деца до 14 годишна возраст. Амбулантите и болниците се полни, но засега состојбата не е алармантна и од Комисијата за заразни болести нема дополнителни препораки за граѓаните.
- Ја следиме состојбата од недела во недела, никој не може да прогнозира дали ќе има ескалација на состојбата и дали ќе дојдеме до невообичаени восики бројки на грип. Сме гледале сезони каде и по оваа недела, односно, четвртата недела во јануари се случило пикот да почне да опаѓа. Јас кажав, карактеристично е за генералниот просек дека пикот се очекува во втората половина на февруари, меѓутоа непредвидливоста може да покаже сезона каде ќе имаме рано намалување на бројот на заболени, вели д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за зарани болести.
Според бројот на пријавени, Каварадци и Дебар се градови кои имаат многу висока активност на сезонскиот вирус.
Оваа сезона бројката на заболени од грип стигна до 5 698 случаи и досега нема починати.
Во центрите за јавно здравје се уште има вакцини против грип, а досега вакцинирани има над 72 000 граѓани кои се во ризичните категории.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар