При пукање на концерт во Њујорк едно лице убиено, а уште три ранети
Едно лице синоќа е убиено при пукање во салата „Ирвинг Плаза“ во Њујорк, каде раперот Ти Ај требаше да одржи концерт, додека уште три други се ранети, објави „Њујорк тајмс“.
Пукањето се случило во 22.15 часот во салата на Менхетен, во која има места за околу 1.000 посетители.
Полицијата информира дека 34-годишен маж бил прострелан во градите, а 33-годишен маж бил прострелан во стомакот. Едниот од нив подоцна починал во болница, но полицијата не прецизира кој.
Дваесет и шестгодишна жена била прострелана во ногата. Четвртиот ранет самиот побарал помош во болница.
Еден од очевидците изјавил дека раперот требало да излезе на сцената околу 21 или 21.30 часот, но тој воопшто не се појавил.
Засега нема уапсени во инцидентот, додаваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција