При контрола на возило на улицата „Илинденска“ пронајден пиштол и куршуми
При вршење редовна сообраќајна контрола гостиварска полиција во Гостивар во патничко возило „Голф“ со скопски регистарски таблици пронашла пиштол „Црвена Застава М-57“ калибар 7,62 мм и една рамка со девет куршуми. Лицето што го управувало возилото било приведено во полиција.
Како што информира МВР, вчера околу 11:30 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар полициски службеници запреле патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од А.Љ.(32) од Скопје, при чиј преглед под десното совозачко седиште пронашле црна ташна во која имало огнено оружје-пиштол „Црвена Застава М-57“ калибар 7,62 мм и една рамка со девет куршуми.
Со потврда за привремено одземени предмети, оружјето било одземено, а лицето било приведено и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница