Претседателот Иванов ќе се обрати на 71. Генерално собрание на ОН
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Њујорк ќе се обрати на генералната дебата на 71. Генерално собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Одржливи развојни цели: универзален притисок за трансформирање на нашиот свет“.
Иванов е предвидено да говори на попладневната сесија во Њујорк, доцна вечер по македонско време (околу 22:00 - 22:15 часот), соопшти кабинетот на македонскиот претседател.
Меѓу говорниците на сесијата од генералната дебата на 71. Генерално собрание на ОН, на која што ќе настапи македонскиот претседател, се и литванскиот претседател Далиа Грибаускаите, бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, грчкиот премиер Алексис Ципрас, српскиот премиер Александар Вучиќ, норвешкиот премиер Ерна Солберг, државниот секретар на Ватикан кардинал Пјетро Паролин.
Во рамки на учеството на 71. Генерално собрание на ОН, претседателот Иванов учествуваше и се обрати на состанокот на високо ниво за големите движења на бегалци и мигранти и имаше повеќе билатерални средби, меѓу кои со претседателите на Европскиот совет, на Полска, на Египет, со јорданскиот крал и со норвешкиот премиер. Македонскиот претседател присуствуваше на приемите што за учесниците на 71. Генерално собрание на ОН ги приредија американскиот претседател Барак Обама и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун каде имаше неформални средби со претседателот на САД, со претседателите на Бугарија и на Чешка, со американскиот државен секретар, генералниот секретар на НАТО, генералниот секретар на ОБСЕ и сопретседателот на 71. Генерално собрание.
За време на собирот на светската организација, претседателот Иванов ќе има билатерална средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.
Ново на Сител
-
Таравари: Ако не му требам на Мицкоски подготвен сум да одам во опозиција
-
Потешко повредените во пожарот во Kочани остануваат на лекување во странство
-
Најмногу пари од унгарскиот кредит општините ќе потрошат за патишта
-
Казни за пешаците кои зборуваат на мобилен додека минуваат улица
-
Сител сторија: Единствениот дипломиран оџачар во Македонија е жена
-
5 деца само годинава се обиделе да се самоубијат, Меѓаши бележи пораст на нарушено ментално здравје
-
Обложувалници “Спорт Лаиф” реализираа донација од 4 милиони денари за дигестивниот оддел во Клиниката “Св. Наум Охридски”
-
Создавање на кадри според потребите на пазарот на трудот - Дали оваа политика може негативно да се рефлектира врз гимназиите?