Потешко повредените во пожарот во Kочани остануваат на лекување во странство
40-дена од големата трагедија во Кочани 38 потешко повредени во пожарот остануваат на лекување во странски центри. Според министерот за здравство за нив е неопходен подолготраен третман.
- Се надевам дека ќе им обезбедиме најдобра можна рехабилитација којашто ќе биде некои месец-два. Кај околу 40 пациенти тоа ќе трае шест месеци до две години. Тоа е направена анализа од експерти од Велика Британија кои имаат огромно искуство со вакви повреди кај пациентите, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.
Наредната недела во добра состојба од болница ќе бидат испишани и 3-цата повредени кои цело време се на лекување во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски. Во оваа установа ќе остане само една пациентка која беше третирана и во Србија. Лекарите ги следат и пациентите кои се вратија од странство.
- Најголем број или 99 отсто од оние кои што се вратија се испишани за дома со закажани редовни контроли, само една пациентка која што беше вратена од Србија се уште е во болницата и ќе има потреба да продолжи нејзиниот престој. Сите имаа изгореници од различен обем не можам да кажам конкретно, бидејќи сите имаат различни проценти на изгореници. Најголем дел од нив имаа т.н. инхалациони повреди, така што по средувањето на состојбата во однос на инхалационите повреди во онаа фаза во кое што е стигнато лекувањето во странство се правеа контроли и се пуштаа на домашно лекување, рече д-р Небојша Настов, директор на Клиниката за хируршки болести “Св. Наум Охридски” – Скопје.
По големата традедија во која загинаа 62 млади лица, 116 повредени беа испратени на лекување во 22 европски држави.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар