Македонија
13. March 2024 - 15:55

Претседател на здружение на лица со телесен инвалидитет измамил правно лице за 600.000 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А.(45) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама“, соопшти МВР.

Тој, во својство на претседател на меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет во општините Велес, Чашка и Градско, со пречекорување на границите на своето службено овластување и со неизвршување на својата службена должност, довел во заблуда правно лице од Охрид и по основ на побарана позајмица, неовластено прибавил за себе корист од 600.000 денари.