-->
-->
Премиера на драмската презентација на поемата „Дениција“ во Охрид
-->
Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз, вечер во Центарот за култура Охрид, ќе се одржи премиера на драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски.
Режисер на претставата и автор на оригиналната музика е Константин Плевнеш, во улогата на Петре М. Андреевски настапува првенецот на Драмскиот театар Рубенс Муратовски, Дениција ја игра младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија настапува Саша Ефтимова од МОБ.
Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Марија Пупучевска, видео-арт Милчо Узунов, додека уметнички советник е Флориан Габер. Во рамките на претставата користени се и пет слики на Сергеј Андреевски на тема „Дениција“.
Претставата е во копродукција со парискиот театар „Ici et la“, а со оглед на фактот што поезијата на Петре М. Андреевски е преведена на француски, предвиден е и настап во повеќе европски метрополи.
Праизведбата на „Дениција“ во Македонија што е подготвувана во изминатите две години се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на академик Петре М. Андреевски (1934-2006).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Козметички препарати и играчки најбројни меѓу штетните производи во Европа
-
Кривична за десет полицајци во врска со пожарот во Кочани - по еден од нив се уште се трага
-
Предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага, вели бранителот на Видевски
-
СПМ: Никој нема право да тргува со македонскиот идентитет, со историјата и македонскиот јазик
-
МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници
-
Се трага по 22 годишно момче од неготинско Тремник
-
Приведен 22-годишник, со „бмв“ возел 96 километри на час во место каде е дозволено 40
-
Царината спречи обид за криумчарење 6,4 килограми сребро на ГП Богородица