-->
-->
Се трага по 22 годишно момче од неготинско Тремник
-->
Дваесет и двегодишно момче од неготинското село Тремник синоќа е пријавено за исчезнато, потврдија за МИА од СВР Велес.
- Синоќа во 22.15 часот во ОВР Неготино, С.С.(40) од село Тремник, неготинско, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот внук од брат Д.С.(22), кој бил со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од СВР Велес.
Известување за исчезнатото момче е објавено и на Фејсбук профилот посветен на селото Тремник.
- Се известуваат жителите на село Тремник доколку се во можност да ги проверат своите гаражи, штали, помошни простории, шупи, со цел пронаоѓање на исчезнатото лице Диме Стојамиров од село Тремник и доколку се забележи веднаш да го известат МВР, се вели во објавата на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Денес е Духовденска задушница
-
Попладне можност за дожд и грмежи
-
Сиљановска Давкова: Курбан Бајрам ја истакнува благородноста на човекот, мотивирајќи нè да се грижиме за сите членови на заедницата
-
Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно, договорите носат голема додадена вредност за Македонија
-
Најмалку четворица загинати во руските напади врз Киев, соопштија локалните власти
-
Мерц: Трамп ја прифати поканата да ја посети Германија
-
Се распаѓа сојузот Маск–Трамп: меѓусебни обвинувања и пад на акциите на Тесла
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред