Фудбал
25. April 2016 - 11:17

Премиер лига: Почестите за Марез

Фудбалерот на Лестер, Ријад Марез е прогласен за најдобар играч во Премиерлигата во сезоната 2015/2016. Алжирецот игра фантистично оваа сезона и е еден од најзаслужните што Лестер се наоѓа на чекор до освојување на титулата.
 
Ријад Марез оваа сезона има одиграно 34 натпревари во Премиерлигата на кои има учинок од 17 голови и 11 асистенции.
 
Марез го предводи идеалниот тим на првенството, а покрај него Лестер има уште тројца фудбалери во тимот на сезоната: Џејми Варди, Нголо Канте и Вес Морган.
 
За најдобар млад играч во лигата е прогласен Деле Али од Тотенхем.
 
Тим на сезоната:
 
Де Хеа (Ман. Јунајтед)-Дани Роуз (Тотенхем), Тоби Алдерверлед (Тотенхем), Вес Морган (Лестер), Ектор Белерин (Арсенал)-Дмитри Паје (Вест Хем), Нголо Канте (Лестер), Деле Али (Тотенхем), Ријад Марез (Лестер)-Хари Кејн (Тотенхем), Џејми Варди (Лестер).