„Прекината одисеја“ гостува во Куманово, приходот од билети за помош на поплавените
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечер ќе гостува претставата „Прекината одисеја“ од Роберт Урбањски, во режија на Јацек Гломб, која ја изведува Македонскиот народен театар во соработка со театарот „Хелена Моджејевска“ од Полска.
Цената на влезниците е по симболични 100 денари, а средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на билети ќе бидат наменети за санирање на штетите од поплавите кои минатиот месец ги зафатија Скопје и околината.
- Се работи за грандиозна претстава со голем број акетри, половина од Полска, половина од МНТ. Гледачите ќе имаат можност да уживаат во оваа претстава за бегалците од Егејска Македонија, изјави Сашо Костовски, директор на Центарот за култура во Куманово.
„Прекината одисеја“ е втора претстава од хуманитарен карактер која се игра во кумановскиот Центар за култура, по изведбата на претставата „Идиоти“ на Кумановскиот театар.
На 24 септември Македонската опера и балет во Центарот за култура во Куманово ќе ја изведе детската оперета „Трите прасиња“. Средствата кои ќе бидат собрани и од оваа изведба ќе бидат наменети за санирање на последиците од августовската поплава во Скопско.
Ново на Сител
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола
-
Детален список: Што поевтини, а кои производи поскапеа со есенската кошничка?
-
Платата во август повисока за 2 евра од јулската
-
Гаши доби кривична пријава од Левица за бранителите