Македонија
22. October 2024 - 16:44

Со месеци се чека скен на коски

Околу 100 онколошки пациенти со приоритетни упати два месеци чекаат за скен на коски. Онкологот не може да им ја продолжи терапијата беа ова снимање, а пролонгирањето значи прогресија на болеста. Причина е немањето на изотопи велат од здружението Хема –Онко. 

-Меѓутоа, проблемот изминатите месеци е дека пациентки кои се со печати, 100 пациентки, чекаат да бидат прегледани за да знаат нивните  онколози како да го продолжат лекувањето . Во овој момент не можат да го продолжат тоа лекување поради снимањето. Што значи дека за секој кој е на терапија, одолговлеувањето на терапијата нема да носи ништо позитивно, изјави Ана Марјановиќ од здружението Хема – Онко. 

Но голготата нема да биде решена наскоро и се повеќе ќе се зголемува листата на чекање на патофиза.– Проблемот е поради глобален дефицит на молибден 99 и до средината на наредниот месец нема да има не само скен на коски туку и останати нуклеарно медицински иследувања, ни одговорија од Институтот за патофизиологија каде ги прават овие испитувања. . 

Но чекањата за испитувања и снимања не се единствениот проблем на онколошките пациенти. Последниот ревизорски извештај за 2023 не е многу различен од ланскиот кога и изби скандалот со препродажба на лекови за кој Обвинителството води истражна постапка.

Акцелератор кој е донација, спакуван со години фаќа прашина во складиште а Онкологија плаќа за негово чување. Ревизијата утврдила проблеми со пописот на залихите, неевидентирани лекови кои биле донација но и податок дека само четвртина од болните добиваат биолошка терапија. Има наплив на пациенти а нема доволно кадар да работи.

-„Административната процедура за педесетина нови вработувања е почната, тоа е комплексен процес кој зависи од Министерството за здравство, Министерството за информатичко општество и Министерството за финансии. Ќе се вработува од сите профили, имаме медицински сестри, лекари, медицински физичари технолози и административен кадар“, вели Игор Стојановски, директор на Клиниката за онкологија.

Додека надлежните бараат начин како да ги олеснат патешествијата на онколошките пациенти низ системот, октомври е месецот за подигнување на свеста за ракот на дојка. Појадок со Хема –Онко за пациенеите кои во моментот се на Онкологија. Мал гест но голем чекор за поддршка на сите кои се соочуваат со болеста.