Македонија
21. October 2024 - 20:20

Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено

На 20.10.2024 во 09.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, сопственост на В.А.(83) од Скопје, соопшти МВР.

Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а од Итна медицинска помош на сопственичката В.А. и била укажана помош поради вдишување чад. Извршен бил увид.